Борис Мутков застрелан со автоматско оружје и пренесен на ургентен центар

Борис Мутков, познат како Фантом, со престрелни рани е пренесен во ургентниот центар во Систина.

Кон 40-годишиот Мутков било пукано со автоматско оружје додека се возел со својот автомобил марка “мерцедес” во скопската населба Бардовци, каде што и живее.

Едно 23 годишно момче е приведено во врска со овој настан, но не е познато дали се сомничи дека пукало кон Мутков.

Борис Мутков инаку е познат во криминалното подземје, кој беше осуден на 8-месечна условна казна затвор и за насилниот упад во Собранието од 27-ми Април, заради учество во толпа.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ