
Бонусите на СЈО пред пратениците
Пратениците од опозицијата се интересираа за бонусите на специјалните обвинители и нивното работење. Крсто Јовановски од ВМРО ДПМНЕ обвини за селективен пристап на СЈО при формирањето на предметите, непочитување на презумпција на невиност, трошење енормни суми народни пари кои се делеле на вештаци, извршители, советници.
Премиерот Заев апелираше да не се дозволи поединечната одговорност на некој обвинител да се префрли на сите.
Седницата за пратенички прашања започна на невообичаен начин. Илија Димовски говореше само за ветувањата на Премиерот Заев во текот на изминатите години и неисполнетото од страна на Владата, не поставувајќи прашање, што наиде на реакција од владејачките партии за сценарио со кое се крши Деловникот. Kоординаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски пак реагираше на незаинтересираноста на министрите и повика на посериозен однос .Од вкупнно 28-те министри на седницата беа присутни само 5. Ова беше претпоследната седница за пратенички паршања во актуелниот пратенички состав.
Јулијана Пешевска