Бомбите на „Ел Чека“ се само почеток на негативните ефекти од нелегалните прислушувања

Земјава допрва ќе ги чувствува негативните ефекти од нелегалното прислушување кое се случуваше во минатото сметаат експертите. Појавувањето на бомбите на ел чека се само почеток на она што во иднина може да и се случува на секоја политичка гарнитура. Овој пат се насочени кон раководството на Дуи што можеби е знак за политичко проветрување во нејзините редови, но и можеби порака за предвремени парламентарни избори смета екс министерот за внатрешни работи Павле Трајанов.

За сега нема одговори дали сепак меѓу оние разговори кои деновиве се лиферуваат на социјалните мрежи има и разговори кои се по скандалот со бомбите. За преставниците на невладините организации кои ги штитат човековите права, состојбата со овие разговори требаше одамна да се истражува, што беше барано од нивна страна.

Инаку денеска на фејзбук профилот на Ел чека има објавено нови прислушувани разговори. И на јутјуб се појавил разговор за кој објавувачот тврди дека е меѓу претседателот на Дуи Али Ахмети и екс вицепремиерот Муса Џафери, кои наводно разговараат за пропаднатиот попис во 2011 година. Истрага за пописот веќе отвори и специјалното јавно обвинителство но од таму За сега молчат дали и тие ги поседуваат истите разговори.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ