
Недостапна интернет страницата од каде се објавуваа „бомбите“ на Ел Чека
На остров во Пацификот со само 1500 жители. Ова е адресата на која е регистриран веб сајтот од кој се пукаат повторно бомбите на Ел Чека откако фејсбук ги избриша неговите профили.
Клани Зајазит. КТ е порталот на кој единствено се објавуваат прислушувани разговори за кои пишува дека се мегу фунционери на ДУИ но и на бизнисмени и поранешни функционери на ВМРО ДПМНЕ. Но, од попладнево, оваа интернет страница стана недостапна.
Најстарите објави на овој веб сајт се од пред два дена. Како што се тврдеше и Ел чека така и под најголем дел од аудио снимките стои обајснување дека се обезбедени од обвинетите во Диво Насеље, Сами Укшини Валдет Зекај и Шефкет Калачи
Ако пребарате на интернет кодот ТК ќе ве однесе до Токелау територија на Нов Зеланд во јужниот Пацифик. Според објавените информации на интеренет секој и од секаде може да регистрира повеке домеини и тоа бесплатно. Единствено се забранува на сајтовите да нема сексуални содржини или пак соджрини поврзани со употреба на дрога говор на омраза, оружје.
Според некои истражувања за интернет безбедност портаолите со домеин тк биле најчесто користени за интернет злоупотреби.
Од Чикаго бомбите се преселија во друго прибежиште уште подалеку од макеоднските истражни органи кои треба да го утврдат патот на прислушуваните разговори и да ги гонат одговорните
Со законот за заштита на приватноста донесен во 2015 беше забрането поседување, обработка, јавно објавување на бомбите и беше оставен рок од 20 дена сите што поседуваат разговори да ги предадат материјалите во СЈО.
Елена Ивановска Мукоска