Бомба во „Титаник“: Амбасодрите во 2011-та морале да обезбедат гласови од дијаспората

Шефот на кабинет на поранешниот премиер, Мартин Протогер побарал, ексминистерот за транспорт Миле Јанакиески се обврзал, а амбасодрите во земјите на македонската дијаспора морале да обезбедат илјадници гласови за партијата ВМРО-ДПМНЕ за изброите во 2011-та. Во 15 куси аудио „бомби“ јавноста слушаше како Протогер и Јанакиески прават план за амбасадорите да одат од куќа во куќа во Австралија, Америка и европските земји каде живеат македонски иселеници.

Таргетот за амбасадорите бил во еден ден да посетат 70 куќи со цел да обезбедат гласачи и постојано да им ѕвонат на телефон на потенцијланите гласачи. Аудио снимките на судот му ги понуди како докази специјалната обвнителка Лиле Стефанова којшто со одбраната на адвоактите водеше 4 часовна војна со аргументи дали треба да бидат докази и дали треба јавноста да ги слуша. Одбраната тврдеше дека се прибирани без соодветна постапка и не е потврдена нивната автентичност.

Судечкиот совет предводен од Осман Шабани ги одби предлозите на адвокатите. Уште 1.049 снимки ќе се слушаат во судницата. Седум бомби ќе останат тајна за јавноста, бидејќи во нив Миле Јанакиевски води приватни разговори со лица кои не се обвинети. Точно навреме во судот пристигнаа Никола Груевски, Миле Јанакиевски, а без средечни поздрави им се придружија на обвинителната клупа и актуелниот паратеник Илија Димовски и поранешениот шеф на кабинет на Груевски, Мартин Протогер. Маратонското рочиште се прекинуваше два пати за да може поранешната министерка за внатрешни и обвинета Гордана Јанкуловска да ги извршува мајчинските должности.

Освен во дијапсората, Стефанова се обидува да докаже дека 21 обвинет направиле злосторничко здружување, и сториле кривични дела проврзани со изборни нерегуларности. Гласови за потребите на тогшната владејчка партија ВМРО-ДПМНЕ според обвиението нелеглано се обебздувале и преку гласачи од општина Пустец во соседна Албанија. Најобемениот процес на СЈО по летната пауза влезе во доказна постапка во која само СЈО има над илјада снимки, 5000 докази на хартија и 190 сведоци, уште толку предложила одбраната.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ