
Болницата „Козле“ станува Ковид – центар
Повеќе од 300 ковид позитивни пациенти во државава завршија во болница.
Се полнат капацитетите во 8ми септември монтажна болница , а на инфективна веќе скоро и да нема место.
Во функција се стави и детската болница во Козле.
Нови 60 за возрасни и 15 за деца кои се заразиле со вирусот а треба да одат на болничко лекување ќе се препраќаат таму.
Болницата станува КОВИД 2 центар.На помош ќе дојдат и лекари и сестри од Инфективна и од внатрешноста.
Денеска на големо се правеа последните подготовски пред да почнат да примаат пациенти. Во дворот се истовараа болнички кревети.
Тука ќе се носат луѓе со полесна и средна клиничка слика .
Инаку во моментов во болницата лежат 3 деца со симптоми на КОВИД 19 – резултатите се уште се чекаат.
Досега хоспитализирани пациенти со корона надвор од Скопје има во Куманово, Тетово, во Штипската болница, Велес, Струга, Прилеп, Битола а се подготвува и КОВИД центар во Кавадарци.
Теодора Цветковска