
Болни кучиња по тетовските улизи- закана за задрвјето на луѓето
Болни кучиња скитници со шуга и лајшманиоза слободно се шетаат и лежат по улиците и тротоарите низ Тетово. Во потрага по храна највеќе ги има низ централното градско подрачје каде неретко ги напаѓаат граѓаните, кои стравуваат од заразни болести.
Ветеринарите велат дека болестите кои се забележани на кучињата се сериозни и можат на едноставен начин да се пренесат на луѓето. Шугата преку допир а Лајшманиозата преку инсект. Мора овие животни најпрвин да се згрижат а потоа да се третираат ако сакама да го заштитиме населените, потенцира Владимир Мисајловски Д-р по ветеринарна медицина.
Општина Тетово досега повеќе пати ветила дека ќе изгради стационар каде ќе бидат третирани и згрижени кучињата скитници. Но на терен нема ништо реализирано. Последната најава на локалната власт е дека ќе се реши проблемот со бездомните животни со основање на регионален центар за нивен третман на ниво на целиот полошкиот регион.
Според нив, најрпвин со подршка на УНДП треба да се изработи техничка документација на основање на центарот како и обезбедување на модерно возила за заловување на кучињата скитници.
Зоран Димовски