Болест на судијката го одложи рочиштето за „Тотал“

Поради болест на судијката Совче Гаврилова Ефремова одложено е денешното рочиште за предметот „Тотал“ на СЈО, во кој е обвинет новинарот Драган Павловиќ-Латас. Павловиќ-Латас е обвинет за затајување данок во висина од 121.414 евра, преку правните лица „Тотал“ маркетинг” ДООЕЛ, „Тотал“ медија центар и „Медијамакс” и 63.032 евра како физичко лице.

Последното рочиште за овој предмет беше одложено поради промена на сопственичката структура на правното лице „Медијамакс“, што заедно со новинарот Драган Павловиќ Латас и правните лица „Тотал маркетинг“ и „Тотал медиа центар“ се теретат за затајување на данок.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ