
Боки 13 понуди гаранција да излезе од Шутка
Бојан Јовановски на тројцата судии во апелација им покажуваше авионски карти и резервации за вила во Миконос за да ги увери дека на 15 јули кога беше уапсен не планирал да бега туку одел на 7 дневен одмор. А дека ни сега нема да избега ако биде пуштен од притвор одбраната уверуваше со гаранција во имот вреден 143 илјади евра дел од кука и локал
-Tаа гаранција е дадена од неговите најблиски роднини, од неговата мајка која ја има добиено по пат на наследство и од неговиот неподвижен, повторувам неподвижен братучед кои се сигурни дека обвинетиот нема да се даде во бегство и затоа ја даваат таа гаранција“, рече адвокатот Сашо Дуковски
Одбраната им приложи на судиите и медицинска одкументација. Во шутка нема услови за хигиенско диететскиот режим за Јовановски а состојбата со чирот на желудник му се вложува откако е во притвор вели неговиот адвокат. Боки 13 им пак им рече дека неговата здравствена состојба станала како шпанска серија. Голем дел од говорот на беше насочен против обввнителката што го гони Вилма Русковска. Ја нарече адвокат на двете мафии во Макеоднија но судијата Јани Нича го прекина и побара да говори притворот. Подоцна Боки повторно му се обрати на судијата и му порача дека се надева дека врз неговата одлуката нема да влијае некусниот речник на Русковска алудирајки на пораката за финансиски истраги и тресење од гаки што судијата се пожали дека ја добил од обвинителката кога апелација ја пратија Катица Јанева во домашен притвор,
-Истото ми се случуваше и мене во истражната постапка. Јас сум единственото лице кое не е испитано од јавниот обвинител, бев уценуван од јавниот обвинител да кажам дека Катица Јанева е виновна. Ми рече дека сака да ја бетонира Фросина Ременски бидејќи е пратеник, но нема доволно докази па јас тоа да го потврдам, рече Јовановски
Вишиот обивнител кусо побара да се одбие жалбата на Јовановски и дека кривичен донел исправна одлука што му го продолжил притворот. За обвинителствот неосновано е барањето јовановски да се брани од слобода со помош на гаранцијата.
Боки 13 да дојде во апелација беше во Кривичен но таму повторно се одложи судењето за рекет затоа што двајцата сведоци што ги предлага одбраната не дојдоа. Бизнисменот Дејан Панделевски бил на службено патување а другот сведок немал уредно примена покана.
Елена Ивановска Мукоска