Боки 13: Орце Камчев не местеше сите за да се спаси во „Империја“ и да го сруши СЈО, а Зоки Кичеец извршуваше

22 февруари 2019 та година, Боки 13 добива повик од Зоки Кичеец да одат кај Орце Камчев на гости. Вози Кичеец, а по краткиот бизнис состанок на заминување зема со себе чанта Луј Витон. Што имаше во неа не знаев, само знам дека после три дена ја врати назад. Вака обвинетиот во Рекет за прв пат од приведувањето се бранеше против најсилниот доказ на обвинителстовто дека зел околу милион евра „рекет“ од бизнисменот Орце Камчев.

Во долгите 5 часа одбрана, постојани приговори од Русковска и опомени од судијката, Јовановск исе осврна и на сведок Орце Камчев, кој според Боки 13 планирал, а Кичеец извршувал за него.

“На Орце Камчев не можеш да му земеш 50 денари, а не па 1,5 милион евра. Дента, Зоран Милевски околу 11-12 часот дојде кај мене дома испи кафе и си отиде. Ми кажа декa ќе одиме кај Орце да пиеме кафе. Они разговараа нешто, Јордан и Милевски, потоа влегоа во големата соба. Разговаравме. Милевски ја зема торбата и заминавме двајцата. Прво ја немав видено. Кога ја видов торбата беше затворена. Јас не сум бил присутен каде што се гледа како женска рака реди пари. Јас видов затворена торба што ја зема Зоран Милевски со леснотија“, вели Боки 13.

Но, каде завршиле парите на Камчев доказ има обвинителката Русковска.

Додека обвинителството тврди едно, одбраната и во псоелдните моменти на доказната постапка стои на ставот дека во овој предмет нема цврсти докази.

Доколку мобилниот телефон на Боки бил вештачен прописно и презентиран во судницата тој ќе докажаел дека не изнудувал пари од бизнисмени туку дека нудел легални бизнис проекти.

Целата ја одбрани ја започна и заврши со заклучокот дека процесот е конструиран и за да се спаси Камчев од кривичен прогон, да се дискредитира екс специјалната Катица Јанева и да се урниса СЈО што, пак, според него би имале корист и власта и опозицијата.

Тој е измамена жртва, со конфискувана гардероба од пред 15 години, и кога ќе излезе од притвор ќе стане политички лидер- порача Јовановски од пултот во судницата. Утре времето во судницата ќе и припадне на второобвинетата Катица Јанева која ќе дава своја одбрана против обвинението дека ја злоуоптребила службената положба во интерес на олеснување на истрагата против Орце Камчев во истрагата за предметот „Империја“ на СЈО.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ