Боки 13 и Кичеец остануваат во притвор уште 30 дена

Основниот суд Скопје денеска одлучи да го прифати предлогот на јавното обвинителство за продолжување на притворот за Бојан Јовановски и Зоран Милески , осомничени за случајот “Рекет”.

Со одлуката на кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција, Боки 13 и Милески и и во наредните 30 дена остануваат во притвор.

Против овие решенија странките имаат право на жалба до Апелациониот суд

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ