
Боки 13 и Катица Јанева на аудиција кај обвинителката Вилма Рускоска
Точно на пладне во понеделник, во обвинителството за организиран криминал треба да даде првоосомничениот во случајот со рекетот Бојан Јовановски- Боки 13. Поканата е испратена до затворот во Шутка и веќе е процесуирана. Во обвинителството потврдија за Телма дека ден по Јовановски на распит но како осомничена ќе биде донесена и доскорешната специјална обвинителка Катица Јанева. И за неа поради затворските правила е резервиран пладневниот термин за распит.
Истрагата за рекетот беше отворена на 15-ти јуни кога покрај Јовановски беше притворен и Зоран Милески Кичеец, после седумдесет дена во келија во Шутка е повикан на распит. Никој не прогнозира дали Боки 13 ќе проговори или ќе се брани со молчење како Кичеец кој веќе беше на распит пред обвинител. Една од најголемите мистерии остана одредиштето каде завршиле милион и пол евра кои Јовановски ги зема од пријавувачот на рекетот Орце Камчев. Снимките од милионот спакуван во торба луј витон се појавија на италијанскиот портал Лаверита. Но досега нема информација дали се најдени парите. Лаверита и објави повеќе снимени разговори меѓу Камчев и Јовановски, каде дури се слуша и Јанева додека преговараат за случајот Империја на СЈО каде осомничен е токму Орце Камчев.
Јанева еднаш беше повикана да даде исказ како лице кое има информации за случајот и тогаш беше во друштво со адвокатот Стеван Павлевски. По исказот замина и даде изјава.
Ден подоцна беше уапсена и притворена. Рекетот од јули е жешка тема, опозицијата го обвинува премиерот и владата дека тие се главните играчи во криминалните зделки и милионските изнуди, а власта пак тврди дека истрагата треба да ги открие и гони сите вмешани без разлика дали се политичари или обвинители. По аферата, политичарите се сложија и го затворија СЈО, а случаите се префрлени во државното обвинителство.
Миомир Серафиновиќ