Бојкот на наставата во средното хемиско училиште

И покрај тоа што учениците во раните утрински часови беа на време за почеток на училишниот час, сепак нивните професори ги информираа дека наставата нема да се одржи. Причина за ваквиот револт и бојкот на наставата  е назначувањето на новиот в.д  директор Блерим Небиу. Решението со кое град Скопје го назначува Небиу за   директор без претходна консултација со наставниот кадар на македонската паралелка ќе резултира со незадоволство во колективот, кај самите ученици и во локалната средина, сметаат професорите .

Ние бојкотираме додека не се најде заеднички, проблем заедничко решение. Ние немаме против нека си имаат директор Албанец, нека се обезбедат просторно, работите се решаваат како што треба . Учениците се страшно изненадени и уплашени, изгубивме страшно многу гимназиски паралелки на општина Аеродром, тука се малтене четири средни училишта во кои во средно стручно хемиско училиште имаше гимназиски паралелки и тоа солидни класови, вели професорката по Хемија Филимена Каранфиловска.

Во фазата на носење решение се консултира наставниот одбор, но во фазата на конечно носење на одлука за в. д директор не мора се консултира, вели Шилегов. Тој повикува на смиреност и потенцира дека кандидатот ги исполнува сите законски услови за вршител на дожност.

Тој вршител на должност ги исполнува сите законски услови, така што ниту мислам дека има простор за револт, ниту за било како триумфализам во тој однос. Политиката не смее да влезе во училиштата и јас тоа нема да го дозволам како градоначалник, така што сите законски услови за вршење на должност ги исполнуваат, изјави градоначалникот Шилегов.

Министерот Арбер Адеми со одентичен став дека квалитетот треба да биде критериум и да не се креваат тензии во образованието. Во моментов во хемиското училиште „Марија Кири Склодовска“ има 28 паралеки  на македонски и 16 на албански јазик, кои функционираат во различни смени.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ