
Бојан Јовановски за заканите по неговиот живот ги известил и странските амбасадори
Бојан Јовановски по завршувањето на сведочењето на специјалната обвинителка Елизабета Јосифовска пред судот обелодени дека добивал закани за негова ликвидација. Од кого не кажа но рече дека е политички затвореник.
Веќе испратил барање до државниот јавен обвинител Љубомир Јовески со кого сакал да му сподели строго доверливи информации.
Јовановски се пожали дека закани почнал да добива по исказот даден пред обвинителката Вилма Русковска. Се сомнева дека некому му пречи вистината за „Рекет“ , а за ова веќе ги известил и амбасадите на САД и Франција, евроамбасадорот Самуил Жбогар и Хелсиншкиот комитет за човекови права од каде побарал да биде посетен во притвор. Не ја исклучи можноста да штрајкува со глад иако како што рече поради неговата здравствена состојба тоа би можело да биде фатално.