
Бојан Јовановски по болничката интервенција вратен во затворот Шутка
Бојан Јовановски поради проблеми со желудникот бил донесен во градската болница 8ми Септемврим каде примил интровенозна терапија и повторно е вратен во затворот Скопје во населбата Шуто Оризари.
Директорот на болницата Христијан Костов за Телма потврди дека Јовановски добил и препораки за соодветна терапија која треба да ја прима кај затворскиот доктор и додаде дека ваквите здравствени проблеми кај пациентот ќе се повторуваат бидејќи после оперативен зафат на желудникот потребно е да се прима специјална исхрана.
Бојан Јованоски е еден од тројцата обвинети за случајот ,,Рекет”. Тој три месеци е во притвор заради противзаконско добивање на над еден милион евра од бизнисменот Орце Камчев.