
Боите на независноста измешани со темните одела на функцинерите
Боите на незвисната и слободата се најубавите бои е пораката со која денеска во Градскиот парк се прославуваа 28 години од прогласувањето на независноста на Македонија. Најбројни беа најмладите и нивните родители кои се забавуваа на детските песни и ги разгледуваа поставените штандови, ги гледаа вежбите на полициските кучиња. Но одбележувањето и на овој 8 Септември не излезе од шаблонот на сите претходни.
Ѕвезда на настанот беше премиерот Заев и званичниците кои во темни одела и кравати ушетаа на тревникот на Градски парк, кратко се прошетаа, се фотографираа и се наредија во прв ред да го проследат празничното обраќање на премиерот. А премиерот од говорницата порача дека Македонија денес е спокојна, најголемите проблеми се зад неа, а сите треба да се фокусираат на нејзината подобра иднина како членка на НАТО и на ЕУ
Успеавме да го фатиме, веројатно, последниот воз што може да ја обезбеди нашата стабилна и просперитетна иднина. Но, наша должност е да ја обликуваме иднината на Северна Македонија. Тоа е и наша одговорност која мора сите ние, секој од нас одделно да ја прифати. Се дигнавте против делбите, кавгите и против тесно партиски интереси и јасно порачавте, и нам и на денешната опозиција, дека е време за да го фатиме вистинскиот, правиот пат и да одиме напред. Затоа, особено заради одговорноста кон граѓаните, цврсто останувам на мојата заложба да ги повикам сите, вклучувајќи ја и опозицијата, за важните прашања да ни се придружи, изјави Заев.
По завршувањето на официјалната прослава во Парк, краватите беа симнати и во малку видоизменет состав слевењето продлжи со партиско гравче со кабасички во Паленица. На прославата на СДСМ на Денот на независносата, Заев најавен како најголемиот човек во државата и таму одржа говор, во кој со голем елан им се обрати на сопартијците и им порача дека промените во СДСМ се слух за потребите на граѓаните и државата. Тој на конто на социјалдемократите ги стави сите успесите на државата досега.
Државата успева кога владата ја води СДСМ. И тоа треба да се знае, рече Заев.
Сепак дел од граѓаните кои беа дојдени на прославата во Паленица имаа свое видување за 28-те години независност и исполнувањето на нивните очекувања.
Партиската прослава заврши кратко по заминувањето на лидерот и пратиските функционери.
Заев кј денеска одржа дури два годови во кои зборуваше за предизвиците на државата, успешно успеа на трипати да ги избегне новинарските прашања за предизвикот со кој сега се сочува државата – иднината на СЈО и законот за ЈО.
Тамара Грнчароска