
Богоевски: Мора да постои одговорност
Ова е политички циркус без никаков епилог, напиша на ФБ претседателот на мандатно имунитетната собраниска комисија, Павле Богоевски, кого ДУИ го обвинува дека се договорил со ВМРО ДПМНЕ да нема исход од гласањето на комисијата за имунитетот на Вељановски. Богоевски пак смета дека ДУИ е таа која ја саботира комисијата.
„Реалноста е дека случувањата овие денови изведоа на виделина суштински проблеми во начинот на претседавањето со собранието и однесувањето на пратеничката група на ДУИ, во нивната посветеност на тоа што требаше да бидат заднички вредности“, пишува Богоевски.
Тој смета дека мора да постои одговорност и конкретни последици од сценираното фијаско кое толку очајно се обидуваат да го прикријат.