
Богоев најави кривична пријава за нападот врз општинскиот службеник
Трнодолци очекуваа јавна презентација и конструктивна дискусија за ДУП кој ја опфаќа нивната населба, а не насилници и тепачи да оневозможат истата да започе. Во телефонски разговор за Телма ова го сведочи Киро Атанасов, жител на Трнодол кој вчера бил присутен во Урбаната заедница „Кузман Јосифовски – Питу“ во Карпош и удрен кога настанаа турканиците. Тој денес повторно отиде во болница на контрола и даде исказ во полициска станица.
На брза реакција од полицијата се надеваат и од Општина Карпош. Од чуварите на мирот очекуваат да најдат кој се обиде со насилство да го спречи нивниот службеник од секторот Урбанизам, да им го разјасни урбанистичкиот план на Трнодолци и да ги убеди дека не треба да се плашат од нова населба на ридот таму.
Архитектите стручно коментираат дека Деталниот урбанистички план е доста комплексна категорија, а за граѓаните да немаат никакви нејаснотии околу конкретниот план, го повика градоначалникот Богоев да организира независни експерти да направат ревизија и да им ја упростат материјата на засегнатите жители.
Владимир Пота потенцира дека треба многу внимателно да се пристапи кога станува збор за такво, ридско земјиште. Точно да биде пресметана носивоста на тлото, а потоа и да биде точно определена спратноста на објектите кои евентуално би се граделе таму.
Петар Догов