
Богдановиќ прашува зошто е отфрлена пријавата за барокната гаража кај “Никофон”?
Обвинителството ја отфрли кривичната пријава против поранешниот градоначелник на Центар, Владимир Тодоровиќ, екс министерот за транспорт Миле Јанакиески, и уште тројца други за случајот со барокната катна гаража „Никофон“ кај „Авто Македонија“, како дел од Скопје 2014та.
Во образложението е наведено дека нема доволно докази. Градоначалникот на Центар пак вели дека се уште официјално не добил одговор од обвинителството но посочува дека не е јасно како пријавата може да биде отфрлена, ако за слични други случаи биле прифатени.