
Богданов: Бојкот на предвремени избори би било самоубиство на ВМРО-ДПМНЕ
„Не очекувам промена на ставот на партијата, поточно да не се гласа за уставни измени, а потоа да се донесе ставот за предвремените избори. Мојот став е дека пратениците треба да ја преземат својата одговорност во Собранието“, кажа Богданов.
„Мислам дека власта е виновна за неуспешен референдум. Знаеја дека цензусот е невозможен со ваков непрочистен список, прашањето беше нејасно и требаше да бидат две прашања. Кампањата на власта исто така не успеа да допре до гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ“.
„Ние сме изложени на напади уште од лани летото кога побаравме реформи во партијата, а сега се изложени и Данев, Рангелова. Навистина не сакам да верувам дека тие се организирани од некој врв. Од друга страна пак оние кои ги предводеа бојкотирачите како Милошоски беа глорифицирани “.
„Бојкот на предвремени избори би било самоубиство на ВМРО-ДПМНЕ. Се надевам дека партијата ќе донесе одлука дека ако има предвремени избори ќе земе учество во нив“.
„Јас сметам дека не може да се постигне подобар договор со Грција од oвој сега. Едноставно се погодија коцките, со Ципрас на власт. Јас сметам дека прашањето треба да се реши во парламентот и да се смогнат сили и да се затвори ова прашање во Собранието. Има свест кај голем број пратеници за влогот и за пораките од сестринските партии“.
„Сметам дека ова треба да се реши во Собранието, да не се дозволи на ВМРО-ДПМНЕ да му се налепат вонпарламентарни групи кои би го однеле во пропаст“.