
Блокирани законите за одбрана и за ЈО
50 Закони чекаат на собраниската агенда за усвојување а ќе има и предвремена ратификација на Протоколот за прием на нашата држава за членка на НАТО. Времето е кратко, останува само еден месец за расправа со оглед на фактот што на 12 февруари ќе се распишат предвремените избори.Првата седница во новата година е закажана на 14 јануари.Пратениците апелираат во наредниот период да се направи приоритетна листа на закони.Договор за законите за одбрана и за јавно обвинителство нема .Очекувањата се дека нив ќе ги донесе новиот парламентарен состав. Опозициската ВМРО ДПМНЕ смета дека не треба да се носат закони со голема тежина.
Владејачката СДСМ апелира сите партии да вложат напори и да се донесе Законот за одбрана, особено поради фактот што би било несеризоно да немаме закон во услови кога би бил ратификуван протоколот за НАТО.
Меѓу оние кои треба да се усвојат се и законите за отписот на камати и репрограмирање долгови на физички лица, за извршување, за поништување на одлуките од лустрацијата, за учебници,за даноци на имот, за јавен долг, за матична евиденција како и законот за опојни дроги. По распишувањето на изборите ќе се самораспушти и Собранието.
Јулијана Пешевска