Блокирана прераспределбата на вработените по Рамковен

Валон Белули ниту денеска не се појави на работното место во канцелариите на Министерството за земјоделство. Го побаравме, но не го најдовме. Тој е еден од 1 717 –те државни службеници кои се вработени по Рамковен договор и од неодамна распоредени по институциите. Вработен е 9 години, секој месец на неговата сметка легнува  плата од 25.216 денари.Иако Законот е прекршен и тој не се појавува на работното место Белули нема да биде отпуштен ниту пак од него ќе биде побарана одговорност. Но тој не е единствениот.Процесот на прераспределба на на вработените по рамковен е целосоно блокиран .

Вицепремиерот Хазби Лика ги игнорира сите прашања на кои бараме одговор и кои со месеци нананзад ги упатуваме до него. И денеска ги одбегна новинарите и не се појави на Рос Рот семинатрот каде требаше да има обраќање токму на оваа тема за која вработените од неговиот кабинет имаа подготвено и говор. Во кусото соопштение кое ни го испратија наведено е само дека постапката на потпишување на спогодба е во напредна фаза и се работи интензивно на решавање на овој проблем. И додека овие службеници земаат со години плата без обврска за работа, реформите во јавната администрација и натаму се камен на сопнување и еден од клучните услови за добивање датум за отпочнување преговори со ЕУ. Забелешките се однесуваат на професионализмот, обемноста и партиските вработувања. Европските правила мора да се почитуваат.

Според последните податоци во државната администрација се вработени 139 009 лица. Без привремените вработувања и без вработените во акционерските друштва има 128 722-ца вработени во 1299 институции.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ