
Блиските на Булент Ибрахим трагаат по правда по неговата смрт од сепса
Во Обвинителство веќе седум месеци имаат докази за несовесно лекување од страна на лекар, а оттаму се уште нема никаков одговор. Ова за Телма го кажува Иван Лефков, адвокат на сопругата на Булент Ибрахим и малолетните деца. Булент Ибрахим почина од сепса пред повеќе од половина година (повеќе детали во истражувањето на КОД на Телма) , неколку дена откако беше опериран од хемороиди. Неговите блиски сега настојуваат да дојдат до правда.
Освен овие докази, блиските на Ибрахим во своја корист имаат и документ од страна на лекар кој се нафатил да направи вешт наод и мислење за причините на смрта.
Булент Ибрахим беше погребан без да му биде направена обдукција на телото, затоа што неговите најблиски тоа не го прифатиле. За експерите – во вакви случаи, таквата одлука на е грешна.
Пред да почине од труење на крвта, Булент Ибрахим приватно бил опериран од хемороидн, а операцијата ја правел докторот Ѕвонко Николовски во изнајмената ординација на докторот Крсто Митаноски. Ординацијата тогаш беше затворена од страна на здравствените инспектори. Сега освен против лекарот Николовски, кривична пријава е поднесена и против сите оние коишто помогнале операцијата да се изведе.
Петар Догов