Блерим Река подржан од Алијансата за Албанците и БЕСА за претседателски кандидат

Алијансата за Албанците и БЕСА ќе го подржат професорот Блерим Река за претседателски кандидат откако тој на својот фејсбук профил ја потврди својата кандидатура како независен кандидат. Сметаат дека неговото богато академско и дипломатско искуство ќе ја зајакне функцијата Претседател на државата.

Река ќе собира 10.000 потписи за кандидатура. До ДИК досега 6 кандидати пријавиле дека собираат потписи во подрачните одделенија, Гордана Силјановска, Филип Петровски, Амди Бајрам, Димче Петровски, Господин Поповски и Јосиф Мирчевски. ВМРО-ДПМНЕ се убедени во победа на изборите, а како фарса го оценуваат огласот распишан од СДСМ за претседателски кандидат, имајќи предвид дека Заев и Ахмети вчера се договорија за заеднички настап на изборите.

СДСМ претседателскиот кандидат ќе го промовира во недела на конгрес, затоа што така налагал статутот на партијата.

Името на претседателскиот кандидат на СДСМ и ДУИ ќе се соопшти утре вечер.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ