Блерим Река поднесе кандидатура за претседател

Изборниот штаб на професорот Блерим Река поднесе кандидатура до Државната изборна комисија. Содржи потписи од над 11 илјади граѓани и поддршка од две опозициски партии: Алијансата за албанците и БЕСА.

Останатите двајца кандидати имаат уште два дена да се кандидираат во ДИК. Комисијата ќе изврши проверка дали ги исполнуваат условите, по што ќе треба да потпишат Кодекс за фер изборна кампања, која почнува на 1 април. Од Штабот на Река велат дека ќе водат кампања во целата држава и дека очекуваат поддршка од сите етнички заедници.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ