
Бизнисот стравува политичка нестабилност по недобиениот датум од ЕУ
Компаниите и експертите се плашат од политичка нестабилност откако земјава не го доби долгоочекуваниот датум за почеток на преговорите со Европската Унија. Велат -недобиениот датум нема толку силно да удри по економијата, како политичката нестабилност и евентуални предвремени избори. Тие со порака до политичарите, да се откажат од политички превирања и предвремени избори и да се обединат во фронт кој ќе ги продолжи економските реформи во земјава.
Директно датумот нема да има премногу силно влијание ако ме прашате мене и на домашните и на странските фирми во моментов, да ги променат на пример инвестициите кои планирале да ги направат во моментов, во близок период итн.Меѓутоа мене повеќе ме загрижува политичката ситуација, политичкото превирање и онаа политичка нестабилност која би дошла после ова,
вели професорот Борче Треновски.
Стопанските комори очекуваат резервираност кај компаниите и откажување од планираните инвестиции. Велат ќе има разочараност, бидејќи се надевале дека со отворањето на поглавјата ќе се забрзаат реформите не само на економски план, туку и во сферата на владеењето на правото, борбата со корупцијата кои се суштински и за бизнисот.
Тоа може да предизвикува предвремени парламентарни избори кои секога се негативни за бизнисот бидејќи ќе ги престануваат или ќе ги застануваат инвестиционите прокти што ги имаат. Има уште еден ризик подолгорочен ако има предвремени парламентарни избори најверојатно ќе се одложи и пописот на населението и домаќинствата кој е клучен з аразвојот на економијата во следните децении,
смета Дрилон Исени од Комората на еверозападна Македонија.
Тоа ќе се одрази дефинитавно на овие компании кои планираче инвестиции кои што се темелеле нивните очекувања на почнувањето на преговори со ЕУ и тука ќе се одрази да си ги преиспитаат нивните одлуки дали воопшто ќе отпочнат во таа насока,
рече Данела Арсовска, претеседател на ССК.
Бизнисмените очекуваат воздржаност кај компаниите од инвестиции како и од плановите за проширување на пазарот. Велат економијата се базира на очекувања, а тие во моментов не се оптимистички.
Александра Филиповска