
Бизнисот ги критикува мерките на Владата, Ангеловска за утре свикала Фискален совет
119 илјади работници во 22 илјади компании добија повисока плата со мерката за субвенционирање на придонеси на плати, кажа неодамна вицепремиерката Мила Царовска. Сите пак овие компании за овие работници нема да можат да користат државна помош за исплата на минимална плата од 14.500 денари бидејќи, во условите стои дека не смеат да користат друга субвенции од државата. Илјадници други пак кои користат од мерките на Агенцијата за вработување исто не можат да аплицираат. А до субвенција за плата тешко ќе дојдат и малите семјни бизниси, оти таа не следува за сопственик, управител на компанија. Бизнисот негодува за критериумите на владините економски мерки, велат тие се престроги и исклучуваат многу компании кои се токму и најпогодени од кризата. Реагираат и дека тешко се доаѓа и до бескаматните кредити, бидејќи условите се ригорозни, а не кризни. Од Стопанската комора бараат фексибилност во условот дека треба да го задржат истиот број на вработени до крајот на септември.
„Компаниите прашуваат:Што ако во предвидениот период некој самоволно си замине од компанијата? Што ако некој направил сериозна повреда на работните обврски? Што ако компанијата има вработени на пробна работа на кои договорот им истекува во јуни, а не сака да им го продолжи договорот заради несоодветно извршување на работните задачи и непридржување кон договорот за работа кој го склучиле со работодавецот? Што ако компанијата имала работници што се времено ангажирани кога аплицирала за помошта?“ – изјави Јовановски.
И експертите од Економскиот совет кои учествуваа при креирањето на мерките, велат не ги виделе критериумите тогаш, и се согласуваат дека тие се престроги.
Министерто за економија Бектеши пак вчера во Топ Тема на Телма ги искара угостителите кои најавија дека мерките не ги користат и дека пред отпуштање се 15.000 работници во секторот.Бектеши рече дека не ја кажуваат вистината оти бројките во реалноста не се такви.
Министерката пак за финансиик Нина Ангеловска за утре свикала Фискален совет на кој ќе се расправа за ублажување на последиците од корона-кризата.
Владата останува на ставот дека со вториот пакет економски мерки тежок 200 милини евра ќе се сочуваат 250.000 работни места и ќе се помогнат граѓаните погодени од кризата.
Светската банка пак денеска излезе со прогноза дека македонската економија ќе влезе во рецесија, а таа ќе биде подлабока ако епидемијата и мерките продолжат и во вториот квартал. Според Банката после кризата ќе требаат фискални реформи. Но, сценаријата во извештајот се засноваат на податоци до 20 март. Најавија и помош за земјава од 140 милиони евра.
Александра Филиповска