Бизнисменот Мицевски и тв водителката Филиповска во обвинителство за „Рекет“

Придружуван од адвокат, бизнисменот Силјан Мицевски чии 720 илјади евра завршиле во меѓународниот сојуз на Боки 13 преку пензионерката Лилјана Тодоровска 2 часа одговараше во организиран криминал. Вели на негова иницијатива денеска е сослушуван и тоа во својство на сведок. На влегување тврдеше дек парите не и ги давал на Тодоровска туку на мегународниот сојуз и рече дека ќе си ги бара назад. По 2 часа на излегување од обивнителството  пак на прашања на новинарите дали парите легнале на сметката на  Тодоровска како што таа изјави за Телма кусо одговори дека легнале на банкарска сметка. Запрашан и како ќе си ги врати парите рече, прашајте го Бојан.

Пред Мицевски прва утрово во обвинителството дојде тв водителката Лила Филиповска, пријателка на првоосомничениот во Рекет Боки 13ка. По час и половина излезе од обивнителството и им прати бакнеж на новинарските екипи. Какви информации има за Рекет не сакаше да коментира.  

Денешните посетители во обвинителството за организиран криминал  биле на покана на Русковска, велат од обивнителството спортивно на тврдењето на Мицевски кој рече дека дошол смаоиницијативно. И бизнисменот и ТВ водителката за прв пат одговараат на нејзините прашање и немаат свеојство ниту на сведок ниту на осомничен туку биле повикани како лица кои треба да дадат потребни известувања, велат од обвинителството. Претходно Мицевски бил сослушан од инсепктори од Финансова полиција откако до нив стасале информациии за трансферот на над 700 илјади евра

Од ВМРО ДПМНЕ пак велат дека обвинителството го забошотува случајот Рекет и ги вика споредните соработници на Боки 13 наместо нарачателите. Петтиот месец тече, а сеуште Вилма Русковска ги штити инволвираните политичари од власта и не ги повикува на распит да дадат исказ, обвинија од опозицијата.

Елена Ивановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ