Бизарна сообраќајна незгода- битолчанака со задниот дел на автомобил се искачи на ѕид од зграда

Битолчанака со  задниот дел на автомобил марка „мерцедес“  се искачи на ѕид од зграда на улицата „Леринска“, а возилото неколку часа остана така заглавено. Во оваа бизарна сообраќајна незгода  што се случи вчера попладне, нема  повредени ,  ниту жртви,  а  предизвикана е само материјална штета.   Уништен е  дел од   фасадата на зградата  и една канделабра, за што жителите бараат обештетување од битолчанката која го возела „мерцедесот“.   Денеска на местото на незгодата можеше да се видат делови од фасадата што  паднале при ударот, а уличната светилка е целосно отстранета. Се претпоставува дека девојката се враќала во рикверц со автомобилот, удрила во столб  од уличното осветлување кој го подигнал возилото.

  • Мене ми изгледаше како колата да паднала одзгора, од зградата. Претпоставувам дека се качи на бандерата и се потпре на ѕидот, вели еден битолчанец.
  • Наназад одела колата, удрила во бандерата, се качила и така заглавила. Има снимки каде што ј тргаат колата, раскажуваат битолчани.

Автомобилот извесно време останал заглавен,  по  што бил извлечен со шлеп служба. Очевидци велат дека мерцедост немал видливи оштетувањњ и бил во возна сосотојба.  Од битолската полиција информираат дека граѓаните од улица „Леринска“   пријавиле во СВР Битола дека вчера попладне  битолчанака со својот автомобил ја оштетила фасадата на зградата. Нивна екипа не била повикана, а пријавата од граѓаните пристигнала денеска, архивирана и се истражуваат причините за оваа незгода.

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ