
Битолскиот полицаец Тоска осуден на 18 години затвор за свирепото убиство на свој сограѓанин
25 годишниот полицаец Енвер Тоска од Битола, осуден е на 18 години затвор за свирепото убиство на 36 годишниот битолчанец Бекир Алили, што се случи лани во септември во близина на прилепското село Беловодица. Кривичниот совет на Основниот суд во Прилеп, одлуката ја објави денеска, по рочиштето кое почна и заврши вчера, откако Тоска пред судот ја призна вината за убиството.
Адвокатот на семејството на убиениот Алили, Емил Гугучески, во телефонскиот разговор за Телма рече дека не е задоволен од пресудата, смета дека казната за ова дело е мала и најави жалба до второстепениот суд.
Адвокатот на Тоска, Васко Георгиев, рече дека висината на изречената казна е очекувана и тој е задоволен од пресудата, но сепак најави жаба до Апелација.
Убиството се случи на 14 септември лани, кога Тоска во близина на селото Беловодица, најправо со службениот пиштол со 4 куршуми го застрела Бекир Алили, а потоа го запали неговото тело и го напушти местото. Од убиенито одзел новчаник со 4.000 евра, кои биле наменети аа купување автомобил, по кој тргнале двајцата сограѓани.
Психијатриското вештачење потврдило дека Енвер Тоска бил пресметлив кога го извршил убиството, а вчера тој пред судот, отккао го призна убиството изрази жалење до семејството на убиениот.
Емилија Мисирлиевска