
Битолска фирма носела опасен медицински отпад на Дрисла без да го преработи
Битолска фирма за транспорт и третирање на комунален и медициски отпад, ги игнорирала процедурите и доставувала опасен и заразен материјал до депонијата „Дирсла“ за да биде изгорен. Станува збор за фирмата „Еко клуб“ чиј сопственик е локалниот бизнисмен и почесен конзул на Унгарија, Сашо Јанакиевски.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, денеска презентираше видео материјали и слики од ненјавената инспекција на градските власти во инсталацијата на „Еко Клуб“ во кругот на МЗТ. На нив може јасно да се видат остатоци од медицински отпад од клиничките центри во Битола и Прилеп со кои оваа фирма има склучено договор, токсични течности кои се изливаат од возилата за транспорт и се сливаат во атмосферската канализација и завршуваат во вардар како и животни кои се хранат од остатоците од медицинскиот отпад.
„Еко Клуб“ која според процедурата морала да го стерилизира медицинскиот отпад само го ситенал во обична дробилка и потоа така го испраќала во Дрисла. Затоа на отпадот во кушиштата смет се најдени игли шприцеви, шипшенца со крв и други остатоци од медицински отпад.
Шилегов е огорчен на надлежните, министерството за животна средина и обвинителството кои според него пшедесетина дена го игнорираат овој скандал.
Од обвинителството велат дека случајот го пријавил вработен во општината на 13 декември и изјавил дека материјалите се снимани три дена претходно на 10 декември. Што и како е утврдено десега нема одговор.
Пријавата не беше поткрепена со други материјални докази и надлежниот јавен обвинител истиот ден по приемот издаде наредба до СВР Скопје за да се направат неопходни проверки со кои ќе се обезбедат докази за утврдување на фактите и за проверка на наводите во пријавата. По приемот на известувањето, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошно постапување во предметот. Со оглед на тоа што предметот се наоѓа во предистражна постапка, Обвинителството во моментов не може да споделат повеќе детали, велат од ЈО.
Телма беше во службените простории на „Еко клуб“ во Скопје каде немаше никој, а на истата адреса е регистрирана унгарската агенцијуа за промоција на извоз. Вработените во отпадот, односно инсталацијата во кругот на МЗТ не сакаа да говорат пред камера.
Од „Еко клуб“ најавија дека Јанакиевски ќе даде изјава во четврток.
Сашо Јанакиевски покрај „Еко клуб“ го поврзуваат со уште една фирма погребално претпријатие во Битола, а според информациите на ТЕЛМА, во времето на градоначалникот Телвски го добил одржвањето на уличното осветлување во градот како и украсувањето на прослевите на Нова Година.
„Еко клуб“ конкурираше и на два милиони тешкиот тендер за отстранување на опасните хемикалии метил акрилат и винил хлодир од кругот на фабриката „Охис“ кој го доби фирмата „Екоцентар 97“.
Огнен Чанчаревиќ