Битолчани против карантин среде центарот на градот

Излегоа на прозорците од хотелските соби и го раширија македонското знаме. Вака реагираа  нашинците кои се во државен карантин во хотелот  Епинал во Битола, кога ги видое камерите. На овој начин одговорија на бурните рекации на битолчани, посебно на социјалните мрежи, откако синоќа 45 наши сограѓани кои слеата на скопскиот аеродром од Малта, беа донесени во овој хотел во Битола.  Дел од битолчани, пак,  повикуваат на солидарност и разумност и велат дека нема место за паника.

-Зоште би се плашеле? Луѓето се сместени по процдура. Не знам зошто, еве јас и Вие стоиме на едно метро, тие се внатре во хотолот. Нема ни да ги видиме. Но, се е до човечкото размислување. Мислам дека е апсурдно, едноставно не треба нити да се коментира ова, рече еден битолчанец

-Тие се во карантин, нема за што да се плашиме, рече друг битолчанец

Дриги стравуваат дали луѓето во карантин ќе ги почитуваат правилата

-Дали ќе ги почитуваат законските одредби, дали ќе важат за сите нив, не знам. Мене лично ми е страв, вели битолчанка.

-Можеа да ги сместат во објекти надвор од градот, има каде, рече друг битолчанец.

Вечерва  хотелот Молика на Пелистер, сопсвеност на ЕСМ, ќе бидат однесени 90 Македонци  од Словенија и Хрватска. Граѓаните сместени во државен карантин не се закана за никого, затао што објектите се под силна контрола, порачаа од Владата.

 „Ниту еден граѓанин сместен во државен карантин во периодот од 14 дена не смее да ја напушти сопствената соба, ниту објектот, а секој кат од секој сместувачки објект е строго контролиран и обезбеден од војската и полицијата. За секој од нив е направена епидемиолошка анкета и определен е соодветен режим во карантинскиот објект кој е целосно безбеден и строго контролиран и надгледуван. Нема ниту најмал простор за загриженост, а најмалку за паника, обезбедени се највисоки здравствени стандарди и протоколи” – се наведува во соопштението од Влада.

И градоначалничката Наташа Петровска повика на разумност и смиренсот, но и солидарност

-Тоа се наши деца, мајки браќа пристигнуати во нашата татковина. Се полемизраше околу локацијата, нема добра и лоша локација. Вурусот не мирува заради локацијата, вирусот може да се победи само со нашето однесување, со конролирана излоација, избегнување на непотребни излегувања, почитување на протоколи, рече  Наташа Петровска, градоначалник на Битола.

Инаку во Битола над 150 лица имаат решение за домашна изолација. Некои од нив  не ги почитуваа здравствените пропсии, па излегоа надвор од домовите, поради што добија парични глоби. Но, за овие серизони законски прекршоци речиси и да немаше реакции во градот, каде денес е регистриран и првиот случај позитивен на КОВИД 19.

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ