Битолчани бараат од власта поенергични мерки во битката со аерозагадувањето

Трет ден Битола е окована во густа магла, концентрациите на ПМ честичките се над дозволените вредности. Утрово градот се искачи највисоко на листата на најзагдени градови во државата со 91 микрограм на метар кубен ПМ 10 честички. Граѓаните велат дека  малгата е специфична за Битола  и ја има често во овој период од годината и се жалат дека  тешко дишат, а загадувањето го чувствуваат и повозрасните и децата. Бараат властие да преземат поенергични мерки во битката со аерозагадувањето.

  • Ние постари пензионери седиме дома, само ако имаме потреба излегуваме а на децата задолжително маски им ставаме, вели една битолчанка.
  • Ова се должи најмногу на огревот и автомобилите. Ваква фрекфенција на коли никогаш немало, рече друг граѓанин. 

Откако два дена по  ред просечните дневни концентрации на ПМ 10 честичките надминаа 100 микрограми на метар кубен, утрово Општината Битола излезе со  препораки до граѓаните . Апелираат да се ограничи  движењето на отворен простор на деца, стари лица, хронично болни,  да несе користат возилата без поголем потреба, да се користи јавен превоз, да не се користи отпад за затоплување.Аеозгадувањето ни се повтроува секоја година и е проблем не само за Битола, туку и во останатите поголеми градови. Директно се поврзува и со зголемување на бројот на тешки заболувања, но за загадувачите нема казни.

  • Колку што имам информации во претходната 2018 година нема ниту една пријава за воздухото, односно за екологија, вели Јован Мазгански, НВО Екоскоп.

Министерот за животна средина најави можност и за вклучување на други мерки, доколку се намдине прагот на загденост во градовите низ државата

  • Ќе мора да им препорачаме граѓаните да останат дома. Тие кои имаат здравствени проблеми и бремените жени.Ова не е нешто што сакам да го направам, а се надевам дека нема да мораме да го направиме. Мораме да разгледаме и дополнителни мерки, треба да соработуваме со градоначалниците за во крајна линија да превземат мерк иво транспортот. Ќе мораме да ги спречиме постарите коли да влегуваат во градот ако загдувањето е превисоко, рече Насер Нуредеини, министер за животна средина.

Инаку високи концентрации на токсичните ПМ честички, покрај Битола, денеска се регистрирани и во Кичево, Гостивар, Велес и други градови во државата.

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ