
Битолчанец почина во самоизолација
Битолчанец, на околу 60 годишна возраст, попладнево е најден мртов во стан на улицата „Димче Лахчански“. Причините за смррта се уште се утврдуваат и не се исклучува можноста дека тој починал од коронавирус. Неофицијално сега починатиот, пред петанесетина дена се вратил од странство и потпишал изјава за самоизолација. Оттогаш тој бил во станот во кој е пронајден попладнево.
Според првичните инфромации тој неколку дена не одговарал на повиците на соседите па тие одлучиле да повикаат полиција бил во двонеделна самоизлација, но се уште не се знае причината за неговата смрт.
Повикани биле и битолските пожарникари, кои дошле без соодветна опрема и одбиле да влезат во станот на починатиот. Тоа го сториле полициските службеници окои заеднио со медицински тим, опремени и облечени во скафандери влегле во станот.
Неофицијално од починатиот е земен брис и резултатите, дали тој бил заразен или не, ќе се соопштат утре.
„Денеска по добиена пријава, интервениравме во стан на улицата „Димче Лахчански“, каде е пронајдено починато машко лице. Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот“, соопштија кусо од локалната полиција.
Емилија Мисирлиевски