
Битола прва станица на посетата на Рикер, “Рекет” не се споменува
Меѓу Солун и Скопје. Битола е првата точка во земјава каде застана високиот претставник на Ваштингтон Филип Рикер . Придружуван од новата амбасадорка Кејт Мари Брнз, в.д помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија се сретна со градоначалничката Наташа Петровска а утре ке има средби и со државниот врв и опозицијата.
Петровска подолго време е во фокусот на јавноста откако новинарот Бранко Геровски ја спомена со псевдоним Трајанка во една од своите колумни за рекетарската група предводена од Коки и Кики.
Во колумната напиша дека градоначаничка ги одбила нивните барања тешки 1 милион евра да добијат бесплатна локација во општината и да бидат ослободени од комуналии.
Од денешната средба немаше изјави за да можат медиумите да прашаат дали нејзиното искуство со рекетарите било споменато. Во соопштението од општина Битола се наведува за актуелната состојба во градот туку и во државата.
На средбата со градоначалничката Наташа Петровска, тие разговараа за актуелната состојба во градот и државата, осврнувајќи се на одличната соработка која градот Битола го има со американската амбасада во Република Северна Македонија. Битола е градот кој има стратешка позиција и во економскиот и во политичкиот живот во земјава, истакна вршителот на должност помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер.
Од амабасадата на Сад ни одговорија:
“Битола, Градот на конзулите, беше првата станица на амбасадорот Рикер при доаѓањето од Грција. За време на престојот во земјата, тој има можност да се запознае со различни мислења, меѓу другото и со мислењата на младите во Американското катче во Битола. Секако се среќава и со градоначалничката да разговараат за прашања и области на соработка, особено што таа неодамна се врати од САД”.
Телма стапи во контакт и лично со Петровска која се најде високо на агендата на Рикер, која ги повтори тeмите наведени во соопштението.
Вчера во изјава за медиумите не сакаше да говори за аферата Рекет.
Рече дека одговорите ќе ги даде пред надлежните доколку биде повикана да сведoчи.
Официјално од обвинителството нема нови информации за текот на истрагата за Рекет.
Телма дознава дека се повикуваат и до дел од бизнисмените за кои во јавноста се говореше дека биле на мета на рекетарската граупа а потоа во обвинителството ќе бидат сослушувани и градоначалници.
Елена Ивановска Мукоска