Битните пресуди побрзо ќе се објавуваат на сајтот на Кривичен

Писмено образложената пресудата за Зоран Милевски Кичеец кој призна вина во случајот Рекет е една од првите објавени на сајтот на кривичниот суд како како дел од соработка на судот со невладината Коалиција сите за правично судење. Како дел од проект поддржан од Шведската агенција за поддршка и развој СИДА обучени се пет волонтери, кои ги имаат потпишано сите предвидени сертификати за заштита на лични податоци и доверливост а ќе вршат анонимизација на пресудите и ќе ги објавуваат на веб-страницата.

Претседателот на Кривичен Иван Џолев посочи дека Коалицијата, чија примарна цел  е владеење на правото и во минатото го критикувала судот и генерално судството денеска станува партнер на судот за да се анонимизираат и објават што повеќе пресуди што се во фокусот на јавноста.

-Основниот кривичен суд ќе овозможи посебна просторија за Коалицијата сите за правично судење во која граѓаните ќе можат полесно да пристапат до правда, односно ќе биде канцеларија за бесплатна правна помош и мониторниг на судски постапки во рамките на овој суд, рече Петровска.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ