
Бислимовски контрра БЕГ и ТЕТО за цената на парното, војната се разговрува
Се разгорува војната меѓу Регулаторна и Балкан енерџи груп. Првиот човек на РКЕ, Бислимовски, контра оваа комапнија и нејзината фирма мајка ТЕТО. Тврди дека регулаторот постапил целосно во согласност со Законот за енергетика кога одлучил да ја намали за 15 отсто цената по која ТЕТО на БЕГ и ја продава топлинската енергија. Вели, во изминатите години двете компании, преку цената но и преку други трансакции ги оштетиле потрошувачите на парно, но тоа повеќе нема да се дозволи, а конечниот збор ќе го каже судот.
„Тие префррлања биле на сметка на потрошувачите, завршувале кај фирмата мајка и тоа нема повеќе да се случува и нема да се толерира“, вели Марко Бислимовски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика.
Со неодамнешната одлука на РКЕ, цената на парното за граѓаните ќе биде намалена веќе со августовските сметки за околу 6 отсто, а во тие пресметки влегува и намалената цена на ТЕТО за 15 проценти, како и намалениот ДДВ за парно, но и ефектот од исклучените граѓани. Од БЕГ оваа одлука ја обжалија. Според нив, нивните трошоци биле многу поголеми, па затоа не е оправдано намалувањето на цената.
„Доколку ТЕТО не работи и не испорачува топлинска енергија, трошоците за крајните корисници на топлинска енергија не само што нема да се намалат, туку ќе пораснат за повеќе од 7 отсто. За 7 отсто ќе поскапи и трошокот за набавка на природен гас на сите потрошувачи“, соопштија од БЕГ.
Бислимовски, пак, ги отфрла сите обвинувања од БЕГ. Објасни дека ТЕТО, која е комбинирана постројка што покрај топлинската енергија произведува и струја треба да има пониска цена и трошоци, и така е секаде во светот. ТЕТО работи на нерегулираниот пазар каде имаме помала контрола и нема да дозволиме, вели, таму да се прелеваат пари од регулираниот. Според него, не е логично фирмата на која и се намалува трошокот за набавка на енергија да се жали и да бара тој да биде повисок.
Првиот човек на РКЕ се сомнева дека овие препукувања се заради стравот на БЕГ дека ќе им биде одземена лиценцата и неа ќе ја добие Градски енергетски системи, фирмата на Град Скопје. Тие, пак, уште не доставиле барање за лиценца, само бараат информација како тоа да го направат.
„Најверојатмно една од причините за поднесената тужба од БЕГ дистрибуција е стравот дека РКЕ ќе настапува пристрасно при доделување на лиценцата за Градски енергетски системи. Напротив, постапката што ќе се води во РКЕ за давање лиценца за ГЕС ќе биде во согласност со Законот за енергетика и Правилникот за лиценци и со ред други закони“, вели Бислимовски. Пред да издаде лиценца, РКЕ треба да и ја одземе лиценцата на БЕГ дистрибуција. Бислимовски уверува дека при тоа ќе се има предвид дека постои важечки договор со ПУИГ, но и други процедури, па затоа тоа ќе биде подолга постапка.
Нина Нинеска-Фиданоска