
Исклучените од парно што добиле сметки за април, да не ги плаќаат, а ако барањата не им ги прифати БЕГ, да поднесат претставки до Регулаторна
Исклучените од системот на парно греење што добиле сметки за април да не ги плаќаат, бидејќи тие ќе бидат сторнирани, потврди денеска првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски. Тој денеска ги извести сите исклучени граѓани кои доставуваат барања за ослободување од обврската за плаќање до БЕГ, во случаите кога компанијата нема да ги прими, бидејќи не им се совпаѓа адресата од личната карта, со адресата на имотниот лист, да поднесат претставка до Регулаторната комисија за енергетика.
Ќе се бараат докази, како што се договорите за закуп и во случаевите кога во становите живеат кираџии, или кога родителите им ги подариле становите на своите деца, треба да се достават оставинските постапки. Регулаторна ќе одговори на сите претставки во период не подог од 10 дена. Единствено ќе плаќаат потрошувачи кои не живеат во становите, околу 3 до 4 илјади, или оние кои имаат кираџии, но тоа е на црно, бидејќи не склучиле договор за закуп. Сето ова се прави со цел да се заштитат верните потрошувачи на системот за парно, вели Бислимовски.