Бирократијата проблем во спречување на ширењето на Африканската чума кај свињите

Бирократијата не им дозволува на македонските ловџии да излезат на терен, како тоа што го прават нивните колеги во соседна Бугарија, коишто активно се вклучени во отсрелот на дивите свињи, кои се најголеми пренесувачи на африканската чума кај домашните свињи, реагираат од Асоцијацијата на земјоделци и одгледувачи на свињи. Агенцијата за храна и ветеринарство пред десетина дена има дадено наредба, но проблемот е во пограничните места, каде што поголем дел  од ловиштата се под надлежност на ЈП Македонски шуми. Таму дел се на годишен одмор, а останатите не знаат што е по приоритено во овој случа,ј законот или наредбата од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Шаклев забележува дека во вакви вонредни случаи приритет е наредбата на Агенцијата за санитарен отсрел. Колку е поголема координираноста меѓу институциите, толку и можноста од зараза и влегување на оваа болест во земјава ќе биде и помала. Групацијата на одгледувачи на свињи „Гицко“ на состанокот со директор на АХВ, побарале  воведување на забрана за чување свињи на одгледувалишта што немаат воспоставено соодветни биосигурносни мерки, додека пак во Малешевијата, Пијанец и кочанскиот регион да не се пуштаат домашните свињи на паша, со цел да не дојдат во контакт со дивите свињи. 

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство на состанокот со „Гицко“ ветил дека мерките ќе се спроведат и на терен

„Согласно  Законот за ветеринарно здравство одгледувачите на свињи, кои не ги спровеле обврските од Годишната наредба за здравствена заштита на животните, односно не воспоставиле биосигурносни мерки на фармите,  ќе се соочат со предвидената санкциона мерка да не им биде исплатена отштета за убиените животни при спроведувањето на мерките за искоренување на болеста. Затоа и сегашната кампања на АХВ е насочена кон подигнување на биосигурносните мерки на одгледувалиштата“, вели Зоран Атанасов, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство. 

Согласно пописот на свињарските фарми  во земјава  се евидентирани 2.315 одгледувалишта, со вкупно 125 илјади свињи, од кои 63 отсто се во Вардарскиот и источниот регион, додека помал број на одгледувалишта и единки се евидентирани во другите региони. Доколку се појави африканската чума во земјава, тоа ќе биде силен удар врз економијата.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ