
Бинационална држава побара Села по реизборот во Тетово
Зијадин Села е реизбран за претседател на Алијансата на Албанците. 606 од присутните делегати на конгресот во Тетово гласаа за Села да продолжи да ја води Алијансата. Само еден гласал против.
На Конгресот беа избрани и 163 членови на Централниот одбор во кој ќе има и претставници на дијаспората, како и статутот на партијата, платформата и резолуцијата на партијата, во која е вклучено барање до владата за промена на Уставот, со цел албанскиот јазик да биде еднаков со македонскиот.
Во своето обраќање Села рече дека бара двојазичност и бинационална држава и додаде дека ќе соработува со сите од опозицијата.
Дополнително, Централниот одбор на партијата ќе расправа за евентуална промена на името од Алијанса за Албанците во Албанска алијанса.