
(видео)Без заклучоци заврши синоќешната работна вечера на европските лидери – Словенија и Бугарија го блокирале предлогот за одлагање
Без заклучоци заврши синоќешната работна вечера на европските лидери на која се расправаше за датум за почеток на преговори со Македонија.
Европските лидери не успеаја да се договорат околу ова прашање на вечерата која траеше до доцна во ноќта.
Телма дознава дека Словенија и Бугарија го блокирале предлогот носењето на одлуката за датум да биде одложена за април идната година.
Како што сега стојат работите голема е веројатноста воопшто да не биде донесен заклучок за Македонија.
За сега не е јасно дали лидерите воопшто ќе разговараат за проширувањето на вториот дел од Самитот.
Финскиот премиер Анти Рине, по самитот, за медиумите кусо порача дека се надева дека лидерите ќе се навратат на прашањето во текот на денешниот ден, но без гаранции.
- Ќе се навратиме на прашањето подоцна во Европскиот совет. Она што е јасно е дека сите признаваме дека и Северна Македонија и Албанија направија голема работа. Земјаќи ја в предвид промената на името но, во делот на владеењето на правото треба уште работа иако има доволно направено во тој дел, изјави доцна синоќа Марк Руте, премиерот на Холандија.
Главен противник на проширувањето останува Франција, која бара промена на начинот на преговарање, а потоа проширување.
Марија Дивитарова