
Без струја и вода Ханча Алиќ се грижи за болно дете
Живот како во 19 век. Секое утро Ханча Алиќ полни вода од блиската јавна чешма, заедно со нејзината болна ќерка и внуците.
Водата која ја користат за пиење и хигиена ја префрла во овие буриња.
Подолг период ова семејство живее без струја во руинирани бараки, со лоши хигиенски услови.
Моментално единствен приход како што вели и е посебниот додаток која го земе за ова дете, кое боледува од церебрална парализа. Со тие пари не може да ги купи лековите потребни за девојчето, но и за хемотерапијата која ја прима подолг период.
Бара помош од институциите и хуманите луѓе за себе и за девојчето, кое боледува од церебрална парализа.
Од Центарот за социјални работи од Тетово, велат дека редовно ја следат нејзината социјална состојба и досега материјално ја помагале.
„Лицето Ханча секоја година редовно примала еднократна парична помош. Само во 2019 година таа во 6 наврати примила еднократна парична помош во износ од по 3.000 денари. Сега лицето е на постапка за добивање гарантирана минимална помош за што треба да одлучи соодветната комисија.. Ханча исто така за едното дете кое има церебрална парализа добива посебен додаток во износ од 5.137 денари“ наведуваат од Центарот за социјални работи од Тетово
Од ЕВН, велат дека Ханча има неплатен долг и немаат опција за отпишување на долгот направен за потрошена електрична енергија. Оттаму додадоа дека за вакви социјални случаи може да се направи само договор, износот да се плати на повеќе рати без да се пресмета каматата.
Од ЈКП Тетово пак ја повикаа Ханча да се обрати до Општината со барање за приклучок. Ако оттаму добие согласност тогаш нејзиниот дом ќе биде дел од водоводната мрежа.
Ханча има изгледано 15 деца, од кои само едно нејзино. Сега се сите омажени и оженети. Поради хуманата мисија во малото ја викаат мајка Тереза, но сега бара помош и хуманост од другите за себе и за нејзината болна ќерка.
Зоран Димовски