Бесплатни билети за литургијата на папата може да се подигнат и денеска

Координативното тело за организирање на посетата на папата Франциск на Република Северна Македонија информира дека се преостанати мал број бесплатни билети за учество на централниот настан од неговата посета – литургијата што ќе се одржи во вторник на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да присуствуваат на овој историски јавен настан можат да подигнат бесплатни билети и денеска, од 12 до 17:30 часот, на промотивниот штанд пред Спомен-куќата на Мајка Тереза на улицата „Македонија“ во Скопје.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ