Бесплатна телефонска линија за информации за услугите и функционирањето на МВР

Министерството за внатрешни работи од утре во функција ќе ги стави бесплатната телефонската линија 080000201 и мејлот [email protected]  на кои граѓаните ќе можат да добијат соодветна информација за функционирањето на услугите и сервисите на МВР во претстојниот период согласно состојбата со коронавирус и препораките на Владата. Услугите се достапни на македонски и албански јазик.

-Вработените во МВР, каде што тоа е возможно, ги редуцираа контактите со странките во делот на постапки и услуги кои не се итни и кои не се ограничени со рокови. Секогаш кога е тоа возможно, се користи телефонска или електронска комуникација, со цел да се одбегне доаѓањето на граѓаните во институцијата доколку тоа не е неопходно, порачуваат од МВР.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ