Бесплатен превоз до скопскиот аеродром за пречек на ракометарите на Вардар

СП Скопје ќе обезбеди два двокатни автобуси за организираниот пречек на ракометарите на Вардар на меѓународниот аеродром Скопје.

– Ги информираме заинтересираните граѓани кои немаат превоз, а сакаат да ги пречекаат шампионите на скопскиот аеродром, дека поаѓањето кон аеродромот е планирано во 17 часот од пред Југодрво. Превозот е бесплатен, се вели во соопштението од прес-службата на ЈСП Скопје.

Планирано е, се наведува, доколку дозволат временските услови, ракометарите од аеродром до плоштадот да се возат со панорамски автобус.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ