
Бертолини: Потрошувачите добро ќе ги заштитите само ако ги зајакнете инспекциите
Владата крои нов Закон за заштита на потрошувачите по теркот на европските стандарди, но од Европа предупредуваат дека регулативата не е доволна ако не се обезбеди доволно кадар во инспекторатите кои на терен ќе контролираат колку се спроведуваат законите и се штитат правата на купувачите. Од Владата признаваат дека инспекциските служби треба да зајакнат и со кадар и со капацитет, за да се одговори на задачата. Заштитата на потрошувачите е опфатена со поглавјето 28 од преговорите со Европската унија, а претставникот на Европската делегација во земјава, Бертолини, порача дека тоа опфаќа бројни директиви, кои земјава постепено ќе мора да почне да ги применува, а во процесот задолжително мора да се слушне гласот на граѓаните.