Бенефицираниот стаж под лупа?

Голем број злоупотреби на правилникот за бенефициран стаж   егистирал синдикатот на СИЕР. Иако работат на позиции кои подлежат на бенефициран стаж работници од многу фирми не можат да заминат порано во пензија бидејки работодавачите го изигруваат законот, не им уплаќаат поголеми придонеси за бенефициран стаж, ниту пак постојат синдикати кои ќе алармираат на неправилностите. Иако треба да се прават контроли, досега за ваквата практика никој не е казнет, вели Пеце Ристевски од синдикатот на СИЕР

„Во 90 % од фирмите каде нема синдикат, нема кој да бара да се спроведе, а работодавачите имаат олеснувања, зашто бенефицираниот стаж се плаќа дополнително и тој заштедува 7-8 % на сметка на работникот. Тие работници се во нерамноправна положба и се оди на нивна штета, не го остваруваат правото з апорано одење во пензија“, кажа Пеце Ристевски од СИЕР.

Ревизија и анализа на правилникот за бенефициран стаж бараат и од синдикатот на УПОЗ. Методологијата за пресметка е полна со небулози и мора да се види кои работници треба да бидат привилегирани а кои не, велат од УПОЗ.

„Во казнено поправните установи има дискриминација. Работникот ако работел во МВР или АРМ и смени работа во институција исто со бенефициран стаж, претходното искуство не му се признава туку почнува од нула“, кажа Трпе Дејановски од синдикатот на УПОЗ.

Правилникот за бенефициран стаж е донесен во 2011 година, но дури сега тој е предмет на анализа на Министерството за труд и Светска банка. Додека се чекаат резултатите во фаза на подготовка е нова методологија со која ќе се утврдува кои работни места треба да бидат со бенефициран стаж.

Синдикатите очекуваат листата да се прошири за вработените во судската и шумската полиција, за работни позиции во рударството и леарството но и да се укинат оние кои ниту се ризични ниту опасни работни места..

Работниците не се виновни за дупката во ПИОМ и таа не смее да се пополнува на нивниот грб, велат од УПОЗ. Предлагаат владата да го измени начинот на полнење на фондот за ПИОМ, па наместо 12 %, 14 %  од придонесите да завршуваат во ПИОМ а 6 % кои с еодлеваат за приватните фондови да се намалат на 4%.

До Министертсвото ќе достават предлог остварување на право на пензија со остварен работен стаж од 35 односно 40 години без разлика на возраста, намалување на старосната граница за пенизонирање за 5 год и можност за откуп на стаж 5 години пред пензија.

Виолета З Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ