Беласица има огромен потенцијал и големи површини со шума од костени

Беласичкиот костен може да и носи сериозни приходи на државата доколку се преработува, наместо да се продава како суровина, вели Никола Ристов, долгогодишерн вработен во македонски шуми, кој е задолжен за заштита на шумското подрачје. Тој вели дека Беласица има огромен потенцијал и големи површини со шума од костени, но тие не се доволно искористени.

Жителите од подбеласичкиот и подогражденскиот предел собираат најразлични шумски плодови, најчесто печурки и чаеви, но се жалат на ниските откупни цени. Тоа ги демотивира да продолжат со собирање.

Шумите кријат огромен економски потенцијал велат познавачите, но државата треба да вложи и во развој на индустрија за преработка на овие плодови, но и нивно брендирање, што би донело повеќе профит и за земјата и за локалното население.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ