„Бела ноќ“ по 14-ти пат

Во Скопје вечерва ќе се одржи манифестацијата „Бела ноќ“, традиционално по 14.пат. Настанот е во организација на Младинскиот културен центар.

Манифестацијата започнува  во 20 часот на плоштадот „Јадран“, со настап на Градскиот дувачки оркестар.

На повеќе локации во градот ќе има организирано изложби, концерти, театарски претстави, кино проекции и поетски читања.

„Оваа година се обидовме да вклучиме што е можно поголем број домашни уметници (има и странски), да анимираме што повеќе јавни простори и да ги претвориме во места за културни настани, како и да вклучиме што повеќе градски и национални установи, со цел сите заедно да ја збогатиме културната понуда на нашиот град и да покажеме дека БЕЛА НОЌ не е само вечер во која кафулињата работат со неограничено работно време“, вели организаторот.

Во склоп на „Бела ноќ“ ќе се отвори и првото издание на меѓународниот фестивал на светлосна уметност, „Скопје лајт арт дистрикт“ кој ќе се случува од 6 до 9 октомври.  Отворањето е пред зградата „Дом Ибни Пајко“, а неговото мото е „Следи ја патеката“.

За време на „Бела ноќ“, бесплатно ќе биде возењето во автобусите на ЈСП „Скопје“ до централното градско подрачје и тоа од 19 часот до раните утрински часови.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ