
Бектеши: Ваучерите за туризам од 6.000 денари ќе може да се користат до 15 декември
Владата ќе субвенционира организирање на настани во угостителски објекти и хотели и ќе покрива 50% од трошоците до максимум 30 илјади денари. Предвидени се 250.000 евра за оваа мерка од третиот пакет, со која проценките се дека ќе се организираат околу 500 настан. Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека платформата „домасие дома„ со која граѓаните ке можат да проверат дали добиле ваучер за туризам од шест илјади денари ке биде пуштена до крајот на неделата. Граѓаните ќе може да ги искористат ваучерите од 15 јули до 15 декември.